Loading Video...
Свет
12. April 2021 - 16:31

Масовни протести во Минеаполис по полициското убиство на Афроамериканец

Масовни протести го тресат американскиот град Минеаполис откако полиција вчера уби 20-годишен Афроамериканец. 

Според полицискиот извештај, полициските службеници го запреле момчето за сообраќаен прекршок. Откриле дека против него има распишано потерница и сакале да го уапст. Но тој  влегол во своето возило и еден од полицајците  срмтно го застрелал. 

Случајот со Донте Рајт само ги зголеми тензиите во Минеаполис бидејќи се ближи крајот на судскиот процес за убиството на Афоамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец во мај лани.