Свет
3. January 2018 - 19:44

Масовни одлагања во британските болници

Голем прилив на пациенти преоптовари болници во Велика Британија во претходнио период, поради што многу случаи кои не се означени како итни ќе бидат со недели на чекање, објавија британски медиуми.

Државната здравствена служба побара од болниците да одложат одредени процедури за да ослободат персонал и кревети за итни случаи.

Ограничувањата ќе траат најмалку од крајот на јануари, а се предвидува дека ќе влијаат врз поместување на околу 50.000 операции.

Британскиот министер за здравство Џереми Хант се извини денеска поради проблемите и рече дека моментната ситуација „апсолутно не е тоа што би сакал“. Тој додаде дека бониците се соочени со огромен притисок во овој момент.

Диркеторот на НХСЕ Брус Киог изјави дека притисокот врз болниците можеби ќе биде уште поголем поради „разни знаци“ за ширење грип.