Масовна тепачка на Бит Пазар - демолирани два автобуси со Комити
Непосредно по завршувањето на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Реал Сосиедад, на скопски Битпазар се случил инцидент во кој биле каменувани два автобуси во кои се превезувале симпатизери на црвено-црните.
Имено, двата приватни автобуси биле каменувани, бидејќи во него се возеле млади лица означени со обележја на ФК Вардар. Патниците во автобусот почнале да ги бркаат напаѓачите и за среќа веднаш реагирала полицијата, која набрзо ја ставила под контрола комплетната ситуација.
Од МВР потврдуваат дека на големата раскрсница кај Битпазар имало немири. Група навивачи каменувала автобус, но инцидентот поминал без повредени или поголеми последници.
На местото бргу стигнале припадници на специјалните единици, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата е ставена под контрола..
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана