Македонија
2. April 2017 - 12:56

Маскирано лице направи вооружена драма на Партизанска

Непознато маскирано лице синоќа извршило грабеж во спортска обложувалница „Златна копачка“ во Скопје.
 
Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во 20 часот и 15 минути во Скопје на булеварот „Партизански Одреди“ поточно во спортска обложувалница „Златна Копачка“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработениот одзело поголема сума пари и истото избегало од местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.