-->
-->
Маскерано заминува од Каталонија
-->
Популарниот „Хафесито“ Хавиер Маскерано се договорил со Барселона по осум години да го напушти клубот како слободен играч.
Маскерано одлуката им ја соопштил на челниците на клубот, кој го прифатиле неговото барање. Искусниот дефанзивец сезонава ретко добва шанса од тренерот Ернесто валверде, иако дури и Лионел Меси барал објаснување зошто минутажата во првиот тим му е сведена на минимум.
Во разговор со претседателот Бартомеу Маскерано истакнал дека нема намера да оди во Кина, Катар или некоја егзотична фудбалска дестинација.
Барселона имаше намера да го продаде во Кина и да заработи од неговиот трансфер, но Маскерано сака да се пресели „преку барата“ во МЛС лигата.
Неколку клубови кои се заинтересирани биле подготвени да му понудат голема плата, но само под услов да го добијат без обесштетување.
Со оглед на верноста кон клубот и годините минати на „Ноу Камп“ Барселона нема да му прави прблеми во реалзииција на идниот трансфер, а доколку до такво нешто не дојде тогаш Маскерано ќе остане во клубот како резерва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор