Бизнис
29. March 2018 - 8:23

МАСИТ ќе одбележи 18 години од основањето

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ денеска ќе го одржи 12-то редовно годишно собрание и ќе ја одбележи 18-годишнината од основањето.

На настанот ќе се дискутира за важни теми поврзани со ИКТ индустријата и нејзиното значење во развојот на економијата.

Најавено е присуство на претседател на Собранието на МАСИТ Драган Чепујноски, претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Горан Попоски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Вилијам Ваутер Пломп.