Македонија
11. November 2015 - 10:47

Машко бебе починато донесено во битолската болница

Единаесет месечно машко бебе вчера околу 6:45 утрото било донесено починато од неговите родители во Клиничката болница во Битола.

Од полицијата информираат дека извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.