Машинско миење улици, мерка на Градот за загадувањето
Градот Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето почна со миење на улиците. ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје со пет автоцистерни во текот на изминатата ноќ и денеска врши машинско миење на поголемите улици и булевари во градот.
Од Град Скопје информираат дека се мијат и улиците во скопските општини Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.
Булеварите Борис Трајковски, Јане Сандански, Илинден и Партизански одреди, како и улицата Самоилава и други улици, исто така, се чистат и со четири специјални комунални возила – метлачки.
Во текот на целиот денешен ден, вкупно 215 работници вршат рачно метење и собирање на отпадоците, како и расчистување на остатоците од снегот и мразот на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се чисти Старата Чаршија, пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари, раскрсници и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата, Кејот 13-ти Ноември, како и пристапите до поголемите институции.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи машински да ги мие улиците и во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот