Свет
8. October 2016 - 21:41

Масакр во трговски центар во Минск: Со моторна пила убиле жена

Маскирани мажи упаднале денес во трговски центар во Минск и започнале крвав поход. Повредиле неколку лица, а една жена убиле. Шокираните очевидци велат дека напаѓачите со моторна пила и секира тргнале кон првата личност која ја здогледале, пренесува Мирор.

Полицијата потврдила дека едно лице починало, но не објавила дали знаат кој е мотивот за нападот.

Локалните медиуми пренесуваат дека жртвата е триесетгодишна жена сопственичка на една од продавниците во трговскиот центар.

minsk-shopping-centre-horror

Полицијата замолила да не се шири паника на социјалните мрежи и да се престане со шпекулации околу овој настан.