Свет
22. July 2016 - 19:33

Масакр во Минхен: Вооружен маж уби 15 лица

Ројтерс јавува дека неколку лица се убиени, во трговски центар во Минхен, кога вооружен маж започнал да пука. Сепак, за сега полицијата не сака да открива повеќе детали.

Германски Абенцајтунг пишува дека најмалку 15 лица се убиени.

Според очевидците, во трговскиот центар се слушнале пукотници, а луѓето масовно бегале за да се сокријат.