Фудбал
26. February 2019 - 17:28

Марсело се сели во Италија

Марсело, левиот бек на Реал Мадрид, ги договорил сите услови и по завршувањето на сезоната, ќе потпише договор со Јувентус. Ова го тврди менаџерот на фудбалерот на Ајакс, Николас Таљафико, Рикардо Шлипер.

Бразилецот зад себе има лоша сезона, а во последно време нема добра комуникација ниту со тренерот Сантијаго Солари. Јасно е дека Марселона ќе замине од Реал, а на неговото место клубот ќе се обиде да го ангажира Аргентинецот Таљафико.

Како што тврди менаџерот на фудбалерот, Реал веќе воспоставиле контакт.

„Ексклузивно можам да ви кажам дека Марсело е нов играч на Јувентус, договорена е целата работа. Ми се јавија од Реал, побара да ги почнеме преговорите за Николас бидејќи по завршувањето на сезоната, ќе им треба лев бек. Марселона решил да замина и јасно е дека Роналдо го наговорил“, рекол Шлипер.

Тековната сезона е 12 за Марсело во дресот на Реал.