Марсело ја заврши кариерата
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид одлучи да с епензионира. Тој објави видео во кое зборува за својот пат во фудбалот и се присети на важни моменти од неговата кариера.
-Мојата љубов кон фудбалот ми беше пренесена од татко ми. Тој сакаше да станам професионален фудбалер и направи се што може за да го оствари тоа. На 18 години Реал Мадрид ме повика и така завршив овде. Сега можам со гордост да кажам дека сум вистински Мадридиста. Ова е местото каде што мојата сопруга и јас основавме семејство. 16 сезони, 25 трофеи, 5 титули во Лигата на шампионите, една од нив како капитен...И многу магични вечери на Бернабеу. Каква авантура. Реал Мадрид - единствен пат. Мадридизам е неописливо чувство. Да се игра за својата земја од многу рана возраст е исто така голема чест. Секогаш ќе ги негувам двата олимписки медали и Купот на конфедерации. Враќањето во Флуминензе значеше дека сакам да му се оддолжам на клубот за она што ми го дадоа на почетокот, да им помогнам да освојат три трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес и да оставам наследство за идните генерации во форма на стадионот Марсело Виеира. Мојот пат како фудбалер заврши тука, но имам уште што да му дадам на фудбалот. Ви благодариме за сè – рече Марсело во видеото.
Покрај Флуминезе и Реал, 36-годишниот бразилски фудбалер има играно и за Олимпијакос.
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко