Мароко, Алжир и Тунис се сеуште „небезбедни земји“ за Германија
Неколку месеци откако германската Влада ги прогласи трите северно африкански земји за безбедни и со тоа сакаше да го запре приливот на баратели на азил, процедурата за формализација на оваа одлука е блокирана во Парламентот.
Откако владиниот предлог беше одобрен во Бундестагот кој е Долен дом на Парламентот, тој сега е на дневен ред во Горниот дом Бундесратот составен од претставници на 16 германски покраини. Гласањето е закажано за в петок.
Според медиумите законот може да го блокираат претставниците на „Зелените“ кои што се противат Мароко, Алжир и Тунис да бидат ставени на листата на „безбедни земји“ чии граѓани немаат основа да бараат азил во Германија каков што е случајот со сите балкански земји, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Шефот на кабинетот на канцеларката Меркел Петер Алтмајер за телевизијата АРД изјави дека во наредниот период ќе се одржат консултации со тие политички субјекти со цел да се намали бројот на азиланти од овој дел од Африка.
Граѓаните на Мароко, Алжир и Тунис се високо на листата на мигранти во Германија веднаш зад азилантите од Сирија, Ирак, Авганистан и балканските земји.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната