Македонија
28. October 2023 - 19:49

Мароканец нападнал полицаец откако го фатил како седи на кров од камион

Вчера во 04.30 часот на паркинг просторот на бензинска пумпа во гевгелиско бил лишен од слобода А.А.Б.С.(22) од Мароко. Тој бил пронајден на кров од паркирано товарно моторно возило и се обидел да го напушти местото на настанот при што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија, соопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.