Свет
8. November 2016 - 15:08

„Маркс енд Спенсер“ затвора околу 100 продавници

Британскиот ланец „Маркс енд Спенсер“ денеска објави дека ќе затвори околу сто продавници ширум светот, од кои половина во Велика Британија, а другите во Кина, Франција и во уште осум европски земји.

Се затвораат продавниците во Белгија, Естонија, Унгарја, Литванија, Холандија, Полска, Романија и во Словачка.

Компанијата наведува дека веќе пет годни сака да затвори околу 60 продавници специјализирани за облека и електрични уреди за домаќинство во Велика Британија, поради неисплатливост.

Новиот директор на „Маркс енд Спенсер“, Стив Роу изјави дека во продавниците ќе се стави акцент на прехранбените продукти и оти ќе се отворат околу 200 нови продавници „Симпли фуд“ до пролетта 2019 година.