Марков манастир го празнува својот патрон Свети Димитрија
Марковиот манастир денеска и утре го одбележува споменот за својот патрон и заштитник Свети Димитрија.
Празнувањето почнува вечер во 17 часот со Вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Утре, на денот на споменот на Св. Димитриј, ќе биде отслужена Божествена Литургија, со почеток од 09:00 часот.
Сите посетители ќе имаат и можност да се поклонат на моштите на многубројните светители кои се чуваат во манастирскиот параклис Свети Марко. Духовната ризница на Марковиот манастир содржи парче од реброто на Свети Димитрија, дел од марамата и од појасот на Богородица, парче од крстот на кој бил распнат Исус Христос, парче кожа од Света Ана, коска од Свети Јован Крстител, од Свети апостол Марко, од Света Елена, од десната рака на Свети Никола, од Свети Јован Златоуст, од Свети Серафим Саровски, Свети Пантелејмон, Св. Гаврил Лесновски,...
Храмот посветен на Свети Димитриј во Марковиот манастир - седумвековен духовен, културен и просветителски центар, датира од средината на 14. век и е завештение на кралското семејство на Волкашин. Волкашин во 1345 година почнал да ја обновува црквата која таму и претходно постоела, а ја довршил неговиот син Крале Марко.
Православната црква го празнува споменот на Солунскиот великомаченик и чудотворец, Свети Димитриј, на 8 ноември (26 октомври по стар календар).
Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век, како син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал христијанската вера. Поради тоа цезарот Максимијан го погубил. На местото каде што бил погребан подоцна е подигната црквичка, а потоа и голема црква во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти
Ново на Сител
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот