„Марили“ по 20. пат избира најуспешни менаџерки
Скопје, 30 март 2016 (МИА) - Здравјето и убавината во функција на современата жена“ е тема на денешниот настан што се одржува во рамки на манифестацијата Избор на најуспешни жени менаџерки од Македонија и дијаспората.
Планирано е да се одржат предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата, а ќе бидат поставени и штандови од овие дејности.
Изборот на најуспешна жена менаџерка го спроведува Агенцијата „Марили“. Годинава се одржува 20-тото издание и по повод јубилејот ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.
Годинава за најуспешни се прогласени Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт“ Продукција - Скопје, Марина Анчевска, генерален менаџер во Центарот за бизнис психологија - Скопје, Маја Босилковска, менаџер за кориснички услуги во „Орифлеим“ Козметика – Скопје, Лилјана Деловска, генерален менаџер во „Арт Дизајн - СДИ“ – Скопје, Бојана Димовска, генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел - Велес, Весна Иваноска, генерален менаџер во „Сеавус“ - Едукативен и образовен центар -Скопје, Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ - Скопје, Вал Јусуфи, генерален менаџер во „Леорон Груп“ – Скопје, Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер во Т.А. „Војажер“ - Скопје и Тања Милисковиќ, комерцијален менаџер во „Кромберг и Шуберт“ во Битола.
Останатите 10 најуспешни менаџерки се Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер во Конгресен сервисен центар – Скопје, Васка Мојсовска, генерален менаџер „Агро Калем - Тимјаник“ – Неготино, Соња Петковска, извршен менаџер во Старски дом „Милица“ - Скопје, Антонија Ристовска, генерален менаџер во Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје, Олгица Стојимировиќ, генерален менаџер, „ПромоИталија“ - Скопје, Олгица Стокуќа, менаџер во „Стокуќа“ Дооел – Скопје, Ксенија Чаминска, генерален менаџер во „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје и Асмира Кочан, извршен менаџер во „Трансмет“ – Скопје,
Постхумно ќе биде наградена Анита Андреевска, менаџер во мировната мисија на Обединетите Нации.
Наградените ќе добијат признанија и статуетки, а по повод 20-годишниот јубилеј ќе бидат врачени статуетки и на уште 25 успешни жени за нивното менаџирање години наназад.
Манифестацијата ќе се одржи утре во хотелот Холидеј ин. Во музичкиот дел ќе настапат членови на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, односно Ева Богоевска, прва виолина, Билјана Југова, втора виолина, Јован Бицевски на виола и Тамара Тодоровска на виолончело.
Целта на изборот за најуспешни жени менаџерки е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на нејзината лидерска позиција во менаџирањето во компаниите, но и во општеството воопшто.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?