Марија Лулу Соса (43) понудила околу 2.000 долари на извесен Густав за да го спои со убиец за да „ослободи“ од мажот. Меѓутоа она што не го знаела е дека Густав и Рамон се стари пријатели.
„Кога ме повика и ми рече дека мора да се најдеме зошто некој сака да ме убие, мислев дека се шегува, раскажува Рамон. Но неговата избраничка била смртно сериозна.
-Густав ми рече дека сериозноста во своите намери ја покажала формирајќи пиштол со прстите и допирајќи ја главата.
Рамон и Густав одлучиле да ја уловат со помош на ФБИ и полицијата. Го озвучиле Густав и тој го снимил состанокот со Марија на кој се преправал дека познава двајца убијци. Полицијата потоа смислила одличен план. Го маскирале Рамон како да е убиен и фотографиите и го покажале на Марија.
Полицијата на Рамон му го маскирала лицето за да изгледа како да е застрелан во слепоочницата, а ископале и плиток гроб во кој го сликале за да биде измамата поуверлива. Еден од детективите се нашол со Марија глумејќи убиец и и покажал слики, на кои таа наводно почнала да се смее.
Марија, инаку е од Мексико и зелената карта за престој во САД ја добила по мажењето. Повеќе не мора да се грижи дали ќе ја депортираат зошто во американски затвор ќе ги помине наредните 20 години.