Марија Бакалова ќе ја претставува Бугарија како туристичка дестинација
По покана на службената министерка за туризам на Бугарија, Стела Балтова, првата бугарска глумица номинирана за Оскар – Марија Бакалова беше гостинка во Министерството за туризам. Тоа, непосредно по нејзиното учество на Филмскиот фестивал во Кан.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, на средбата, Балтова го оценила високо успехот на Бакалова, што за толку кусо време таа направила толку многу – не само за младите кои се осмелуваат да тргнат по нејзиниот пат во светот на киноуметноста, туку и затоа што го насочи вниманието кон Бугарија, кон родниот град Бургас и воопшто кон југоисточна Европа.
„Бренд Бугарија“ веќе го има своето ново лице, кое ќе ја направи земјата уште попопуларна и попозната, откако министерката ѝ врачи почесно признание „Амбасадор на дестинацијата Бугарија” на младата глумица и ги поздрави нејзините успеси, што таа ги постигнала така млада. Плакетата што Балтова ѝ ја врачи на Бакалова значи дека таа сега е амбасадорка на популаризирањето на разнообразноста на Бугарија како туристичка дестинација.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата