-->
-->
Маричиќ во работна посета на Брисел на средби со Вархеј и Рејндерс
-->
Министерот за правда Бојан Маричиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс.
Тема на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото.
Во Брисел, министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата Михаела Матуела, како и со европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска и Андреас Шудер од Австрија.
Ова е втора работна посета на Маричиќ на Брисел оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата