-->
-->
Маричиќ од Преспа форумот: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата
-->
Министерот за правда Бојан Маричиќ од првата панел-дискусија, „Преспа форум дијалог“ кажа дека е потребно поголема регионална соработка и обединување во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата. Според Маричиќ, овие проблеми се присутни во сите земји од нашиот регион и затоа фокусот треба да биде ставен на поблиска соработка. Тој во својот говор се осврна и на улогата на невладините организации и медиумите во борбата токму против овие девијантни појави.
„Улогата на медиумите е извонредно голема во кршењето на стереотипите и тие треба да бидат своевидна брана против говорот на омраза, хранењето на стереотипите и ширењето на лажните вести. Слободата на медиумите, за тие да можат соодветно да ја завршат својата важна општествена улога, е регионално прашање. Важна е улогата и на невладините организации во овие процеси. Јас доаѓам од граѓанскиот сектор и многу добро ја знам улогата на овие организации и во градењето на мостови меѓу државите во регионот. Тие можат да бидат катализатор во тешки политички процеси, кои се чести во нашиот регион“, истакна Маричиќ.
Ова Маричиќ го изјави на првиот панел на Форумот насловен „Граѓанското општество и медиумите во регионот и евроинтеграцискиот процес“ на кој учествува и германскиот државен секретар за Европа Михаел Рот кој кажа дека Европската Унија никогаш не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан. Рот истакна дека Германија е разочарана од одлуката да не се отворат преговори со Македонија и Албанија само поради блокирањето на една држава членка. Тој во својот говор се осврна и на значењето на медиумите во градењето на модерно европско општество ослободено од предрасуди и национализам. На панелот говореа и Иоанис Армаколас, Игор Бандович, Кристоф Бендер, Флориан Бибер, Роберт Купер, Доминика Емини, Симонида Кацарска, Љупчо Поповски, Весела Чернева, Ѓерѓи Вурмо според кои регионот има огромен потенцијал за развој, до кој може да се стигне само преку добра регионална соработка, со помош на медиумите и граѓанскиот сектор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата