Марица ја бараа 7 години и веќе ја прежалија, татко и доживеа шок кога дозна
Марица Крлин (39) се водела како исчезната седум години, а таткото мислејќи дека е мртва давал парастоси, но таа сите овие години му се криела во соседството.
Откако мештанин од село Чегљи кај Јастребарско слушнал женски глас од колибата, полицијата конечно по 7 години ја пронајде Марица. Цело време се криела на само 20 метри од местото каде живее нејзиниот татко.
-Тој ден дојде кај мене околу 13 часот и побара кафе и рече дека не оди дома зошто маќеата и е таму. Се скри во пченките и чекаше да падне мрак, а потоа вечерта дојде кај мене, раскажа Иван Крвилн (70).
Во неговата колиба Марица се криела од 8. август 2010 година кога нејзиниот татко Имбро го пријавил нејзиното исчезнување во полиција.
-Секаде ја баравме. Одевме со нејзина слика и по Дрежник, Карловац, и платив и две миси зошто мислевме дека е мртва, а таа цело време тука се криела, шокиран вели нејзиниот атко Имбро.
Никако не можел да сфати поради што нејзината најмала ќерка си отишла од дома во која имала се, за да живее во колиба без вода и струја. Се почнало, раскажува Имбро во 2003 година кога дома ја донел невенчаната сопруга Ана.
-Бев само со три деца и стара неподвижна мајка. Сопругата ми почина од сепса по царски рез, а татко ми загина во сообраќајна несреќа. Ана беше вдовица со два возрасни синови, објасни Имбро.
Марица на почетокот не се сложувала со маќеата, па правела се за да си ја избрка.
-Не сакаше да се бања по месец дена, засмрдуваше, а се само мене да ми наштети. И пред тоа еднаш побегна, па ја најдовме во Карловац и ја доведовме дома, раскажува Ана.
Вели дека не знаеле дека Марица е кај соседот во дрвената куќичка ниту дека таму ја посетува сестрата Сања.
-Нејзе ништо не и недостасуваше. Делевме се што имавме, објаснува Иван.
Во колибата Иван се преселил кога во 1996 година му изгорела куќата во која живеел со родителите. Иако од градот добил цигли и поставил темели, новата куќа никогаш не почнал да ја гради. Во мрачното собче од 5-6 квадратни метри се наоѓа еден кревет, печка на дрва, една маса и нешто садови. Марица од куќата излегувала само ноќе за да не ја види некој од соседите.
Дека во колибата со Иван се наоѓа уште некој, се посомневал мештатнин откако слушнал женски глас. Повикал полиција која шталата ја снимила со камера. Ја снимиле Марица како седи на кревет додека Иван цепел дрва. Му чукнале на вратаа и ја одвеле Марица. По разговорот со полицајците, Марица Крлин (39) е однесена во болница на преглед. Утврдено е дека е во добро здравје, па социјалните работници и пронашле итно сместување во семејство. И покрај сомневањата, се покажало дека Марица не била ниту злоставувана ниту запуштена.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес