-->
-->
МАНУ одбележува 49 години од основањето
-->
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја одбележува 49-годишнината од основањето.
По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, а ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународното признание „Блаже Конески“.
Добитници се Суад Енѓулу од Република Турција за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот и во Република Турција и Душко Новаковиќ од Република Србија за посебен придонес во афирмацијата на македонската книжевност.
Во рамки на одбележувањето на 49-годишнината од основањето на МАНУ ќе се одржи научна конференција на тема „Високото образование и науката - состојби и перспективи“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината