Манифестација „Ден на пченицата 2019“
Традиционално последната недела во месец мај под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сојуз на стопански комори на Македонија, а во организација на „Агроунија“ ДООЕЛ се одржува манифестацијата „Ден на пченицата 2019“.
На настанот најавено е присуство на група експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од министерствата за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, како и на претставници од мултинационални фирми од Германија и Франција што претставува можност за меѓусебно запознавање и едукација.
Најавено е обраќање на претседателката на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска, на заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благе Цветковиќ и на Огнен Оровчанец од „Агроунија“ ДООЕЛ.
За изминатите 30 години во „Агроунија“ се признати над 15 сорти пченици во Македонија, во Србија, Албанија, Косово, Бугарија и во Грција. Од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во „Агроунија“ ДООЕЛ Скопје.
Со оваа манифестација се допринесува за афирмација како на македонското земјоделство, така и на севкупната македонска наука.
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН