„Мани-Грам“ ќе добие кинески сопственик
По се изгледа дека американската компанија за трансфер на пари „Мани-Грам“ оди во кинески раце, оти компанијата ќерка на „Алибаба“, „Ант Фајненшл“ го победи конкурентот од САД, „Еуронет Ворлдвајд“, понудувајќи 1,2 милијарди долари, објавуви Блумберг, повикувајќи се на соопштенија на двете компании.
Тоа би значело прв чекор за „Ант“ во проширувањето кинеската компанија во меѓународни рамки.
- Имаме две прашања - што ќе добијат акционерите на „Мани-Грам“? И што „Ант Фајненшл“ всушност нуди со својата ревидирана понуда? Другата тема е политиката што навистина се плете тука, оти кинеските компании често се соочуваат со потешкотии во одобренијата за американски зделки, изјави аналитичарот Кирк Будри.
„Ант Фајненшл“ е управител на популарната кинеска мобилна платформа „Алиплеј“ и има 450 милиони корисници. „Еуронет“ пак, има мрежа од 35.000 банкомати.
Акционерите на „Мани-Грам“ на 16 мај ќе одржат состанок, на кој ќе се гласа за евентуалното идно спојување на компанијата со „Ант“.
Ново на Сител
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето