Манџукиќ се повлекува од хрватскиот национален тим
Познатиот хрватски фудбалер Марио Манџукиќ реши да се повлече од националниот тим, каде што му беше помошник тренер на Златко Далиќ.
Манџукиќ беше дел од стручниот штаб на Далиќ од 2021 година. Во пресрет на почетокот на новиот циклус, кој започнува во септември со натпревари од Лигата на нации, тој си замина од „коцкестите“.
-Би сакал да им се заблагодарам на тренерот Далиќ и на ХНС за довербата и можноста, како и на сите колеги во стручниот штаб и играчите за соработката. Горд сум на успесите што ги постигнавме во овој период и мило ми е што можев да и помогнам на репрезентацијата во оваа улога. По овогодинешното ЕП почувствував дека е време за нови и поинакви предизвици, а на репрезентацијата и посакувам многу успех во претстојните натпревари - изјави Манџукиќ за веб-страницата на ХНС.
Ново на Сител
-
Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор
-
Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините
-
ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија
-
Руската ПВО во текот на ноќта собори 21 украински дрон
-
Шин Бет размислува да одвои околу 1,3 милиони долари за дополнителна заштита на Нетанјаху
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и релативно топло за овој период
-
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија