Фудбал
11. јуни 2021 - 10:48

Манчестер Сити е подготвен да му понуди на Кејн петгодишен договор

Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е подготвен да му понуди на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн долгорочен договор, објави на Твитер новинарот Николо Шира.

Според Шира, „граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со 27-годишниот фудбалер, со плата од 16 милиони евра по сезона.

Беше објавено дека Тотенхем бара 160 милиони евра за Англичанецот, додека Сити е подготвен да понуди само 117 милиони.

Кејн минатата сезона одигра 49 натпревари за Спарс, постигнувајќи 33 гола. Неговиот договор со Тотенхем трае до летото 2024 година.