Ракомет
27. October 2017 - 11:04

Манасков: Акцент на тренинзите е играта во одбрана

Македонската ракометна репрезентација во рамките на неделата на ЕХФ одработува тренинзи во СРЦ Кале, каде селекторот Раул Гонзалез ги реализира своите замисли.

- Селекторот сакаше оваа недела да не играме натпревари и само да тренираме. Одработевме околу 10-тина тренинзи. Добро работиме иако не сме комплетни. Акцент беше ставен на одбраната, а нападот е добар бидејќи долго сме заедно. Одбраната треба да биде нашето најсилно оружје на ЕП во Хрватска. Имаме промени во одбраната пред се во 6-0, а повредите на играчите не спречија и друга одбрана да пробаме да играме. Но, кога ќе бидеме комплетни ќе вежабаме и друг вид одбрана, изјави репрезентативецот Дејан Манасков.
На подготовките во посебна група работеа играчите кои имаа повреди: Кирил Лазаров, Филип Талески и Филип Кузмановски, додека отсуствуваше Ацо Јоноски.
 
Македонската ракометна репрезентација со утрешниот претпладневен тренинг ќе ја комплетира оваа фаза од подготовките.