Малолетник загина на шампионската прослава во Мадрид
Малолетен навивач на Атлетико Мадрид го загуби животот синоќа за време на прославата на титулата на новиот шпански фудбалски првак.
Како што објави мадридскиот весник „Ел Паис“, 14-годишниот навивач на Атлетико се возел во комбе и со половина од телото бил излезен од прозорецот на возило веејќи го клупското знаме при што удрил со главата во бетонски столб.
Медиумите јавија дека навивачот починал и покрај брзата лекарска помош, а според првите наоди од истрагата, трагедијата се случила кога возилото влегло во подземен паркинг во центарот на Мадрид.
Илјадници навивачи на Атлетико синоќа во шпанската престолнина ја славеа шампионската титула до која тимот на Диего Симеоне дојде по триумфот на гостински терен над Ваљадолид (2:1) во последното коло во Ла Лига.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис