Македонија
21. November 2017 - 12:45

Малолетник се шетал со пиштол низ Скопје

Малолетник се шетал со гасен пиштол низ Скопје. На 20 ноември 2017 година околу 19 часот на булеварот „Крсте Мисирков“, пред поликлиника Бит-пазар полициски службеници извршиле контрола во автобус кој сообраќал на релација Транспортен Центар-Бит-пазар. При преглед кај 15-годишник од Скопје бил пронајден еден гасен сигнален приштол марка „ЕКОЛ“ калибар 9 милиметри и една рамка за пиштол без муниција. Малолетникот бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.