Македонија
30. March 2017 - 14:16

Малолетник од Батинци со постаро момче се обиделе да ограбат казино

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т. (20) и шеснаесетгодишник, двајцата од с.Батинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид.
 
На 3.овој месец  околу 03.45 часот во казино на ул.„Иван Хаџи Николов“ пријавените со закана со ладно оружје се обиделе да го одземат дневниот промет од вработените, но во намерата биле спречени од вработените во  обезбедувањето на казиното.