Балкан
2. November 2020 - 11:35

Малолетник избодел 23 годишна девојка во Зрењанин, лекарите се борат за нејзиниот живот

Малолетник С.А (16) уапсен е поради сомневање за обид за убиство врз Валентина К. (23), пренесува kurir.rs.

Обидот за убиство се случил вчера околу 14 часот во Зрењанин, кога малолетникот со нож ја нападнал девојката. Ја прободел неколку пати и и нанел тешки повреди опасни по живот. 

Полицијата со брза работа го идентификувала осомничениот и тој е приведен со надлежен судија заради кривично дело обид за убиство. 

Истрагата е во тек, со која мотивот треба да биде утврден за нападот.