Македонија
7. March 2018 - 9:08

Малолетник (15) од Прилеп цртал кукасти крстови по спомениците низ градот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе посебно Известување против 15- годишниот К.Д. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 264 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 30-ти јануари годинава од страна на полициски службеници беше забележано дека на споменикот на културата – Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година – Участакот“ во Прилеп, кој е заштитен со закон, и на уште неколку други објекти, биле нацртани кукасти крстови.

По преземени оперативни мерки, утврдено е дека сторител е малолетникот К.Д.