Балкан
23. July 2018 - 21:10

Малолетничката настрада поради долг од мајката: Дошол на суд со нож и нападна дете, страотни детали од инцидентот во судница во Ниш

Б.С. со нож ја избоде 17-годишната девојка А.М.

Според првичните резултати од истрагата Б.С. наводно побарувал од А.М. 3000 евра на име на долг, а таа се изјаснувала дека должи само 1.000 евра.

Деталите за овој случај уште се утврдуваат, но според неофицијалните информации, мајката на нападнатата тинејџерка работела кај Благоја.

Имено, до судир дошло во зградата на судот кога девојката дошла да го оправда отсуството на мајката, а таму мажот ја испрскал со бибер спреј.

Кога девојката почнала да вреска, Б.С. извадил перорез со кое ја избодел во вратот. Веднап по инцидентот испил киселина и починал.

Девојката е во стабилна состојба и во текот на денот ќе биде префрлена на Клиниката за детска хирургија, вели хирург од Ургентниот центар на КЦ Ниш, Сунчица Михајловиќ.

Медиумите објавија и фотографија од нападнатата девојка.

Повредената девојак има уште две сестри и еден брат. Живеат како потстанари, додека мајката им е во психијатриска установа.