Македонија
15. October 2020 - 11:50

Малолетен пешак тешко повреден откако возило удрило во него

Вчера во 14.37 часот било пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(46) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.