Бизнис
9. July 2022 - 17:43

Малите бизниси на удар на новите цени на струјата - комората бара олеснети услови за фотоволтаици

Високите сметки за струја ќе затворат дел од малите бизниси. Поскапувањето од 40%  е неиздржливо за дел од капацитетите. Првиот човек на ССК, реагира – државата требаше да најави толкав скок на цената на струјата, за да бараат алтернативи. Сега е веќе касно, неминовно е ставање клуч на врата кај  дел од фирмите. Дополнителен проблем им задаваат долгите процедури за издавање дозволи за фотоволтаици, на кои се чека и до 3 месеци

 - Ние бараме да ги укинат градежните дозволи. Нема потреба, затоа што инсталирањето фотоволтаици воопшто не отстапува од висика или ширина на објектот. Тоа е како на времето кога  монтиравте антена да мора да се бара дозвола. Самата дозвола ја усложнува целата ситуација, а сега каде ценит стануваат од ден на ден повисоки, има одредени компании кои го стпираат прозивдоство, не можејќи да го издржат товарот, изјави Трајан Ангелоски, престедател на ССК

За користење обновливи извори на енергија Европа издвои 30 милијарди евра за земјите од Западен балкан. Овие пари, согласно Европскиоит инвестициски план треба да бидат искористени до 2030 та година. Но, со ваква администрација и долги процедури, тешко дека нашата земја ќе може да земе дел од парите.

- И да ги добиеме средствата, тешко ќе оди процесот. Администартивните процедури го комплицираат целиот процес. Од една страна компаниите плаќаат енормно високи сметки, а од друга, можат да се спасат, но  процесот е бавен и тежок, додава Анѓелоски.

Дополнителен товар за фирмите кои извезуваат на евроспкиот пазар од следната година ќе биде и означувањето колку точно јаглероден диоксид  е користен при производство на одреден производ. 

За да ја намали зависноста од скапата струја, Европа инвестира во обновливи извори, но се враќа и стариот начин на загревање. За претстојната  зима најавија дека ќе има рестикции. По холандскиот, сега и  германските министри  препорачуваат кратко туширање, понсики температури на загревање на домовите, гасење на  уличното осветливање во текот на ноќта, но и на семафорите. Препорачуваат топла вода да нема во јавните згради, музеи, спортски објекти, базени. Граѓаните повторно ги враќаат печките на дрва. Изминатиов период драстично е зголемена продажбата на огревно  дрво, пелети и јаглен.