Малинов: Бугарија нема да ги запре испораките на руски гас за Северна Македонија, Грција и Србија
Извршниот директор на бугарската државна компанија Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за БНТ изјави дека иако Русија ја прекина испораката на природен гас за Бугарија, нема да го запрат транзитот на руски гас за Северна Македонија, Грција и Србија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Малинов, Бугарија започнала преговори со Турција за обезбедување рута за снабдување со природен гас како алтернативна рута.
Булгартрансгаз е подготвен да го наполни бугарското национално складиште за гас во Чирен до крајот на летото и на есента. Малинов рече дека вчера е направено уште едно тестирање на гасната врска меѓу Бугарија и Грција и се се одвива според планот, така што интерконекторот ќе биде завршен до крајот на јуни, иако самиот Булгартрансгаз нема да биде негов оператор.
Заклучно со 15 мај има 113 милиони кубни метри гас во складиштето во Чирен, што претставува околу 21 отсто од техничкиот капацитет, додаде Малинов.
Започнало полнењето на бугарското складиште за гас и дневно се танкираат околу 1 милион кубни метри гас.
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани