Мали: Сите полнолетни граѓани во Србија ќе добијат по 60 евра, а пензионерите 110 евра
– Министерот за финансии во Владата на Република Србија Синиша Мали соопшти денеска дека во април ќе започне пријавувањето на граѓаните за нов пакет финансиска помош,јави дописникот на МИА од Белград.
-Делот од економскиот пакет што се планира за помош на граѓаните (60 евра) ќе се исплати на две рати. Првите 30 евра во мај, а вторите во ноември. Сите полнолетни граѓани кои сакаат да се пријават ќе можат да го сторат тоа во април, кажа Мали, додавајќи дека пензионерите ќе добијат вкупно 110 евра.
Мали за РТС изјави дека техниката на пријавувањето ќе биде иста како и минатата година, кога се пријавуваше за помош од по 100 евра.
Тој изјави дека во рамките на помошта за економијата, трипати ќе бидат исплатени 50 отсто од минималната плата за сите микро, мали и средни претпријатија.
Мали најави и секторска помош за оние кои според истражувањата се најзагрозени, а тоа се автопревозниците поради ограничувања на патувањето поради епидемијата, и на нив во период од шест месеци ќе им бидат исплатени 600 евра по автобус .
Тој посочи дека се водат разговори државата да го зголеми нивото на гаранции на банките, така што тие ќе бидат подготвени да даваат кредити на оние кои се во лоша позиција или да им помогнат на најранливите.
-Вкупната вредност на оваа програма е 235 милијарди динари. Ако ги вклучиме големи компании, ќе достигнеме бројка од 250 милијарди динари (2.164. милијарди евра), кажа Мали.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани