Мали инциденти и четири приведени лица на ученичкиот протест во Солун против Договорот од Преспа
Протестот во Солун организиран од ученици од средни училишта заврши со мали инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата, а беа приведени четири лица, објавуваат солунските медиуми.
Според истите информации, во малиот инцидент група маскирани лица ја нападнала полицијата со предмети, која,пак, возвратила со шок бомби, а подоцна привела и четири лица.
Учениците во Солун, со паролата “Македонија е грчка” и со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Кутлеш маршираа по улиците и стигнаа до Министерството за Македонија и Тракија.
Насобрните ученици ги предводеше момче на коњ.
Грчките медиуми објавуваат дека околу 100 средни училишта во Северна Грција се под опсада, додека пак приближно толкав е бројот и на оние училишта, претежно во Атина, кои што се против нивните соученици и се антинационалистички и антифашистички ориентирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Протести против Договорот од Преспа, освен во Солун, се одржаа и во други градови во Северна Грција.
Ново на Сител
-
Ангелов: Активни се уште осум пожари, 10 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола
-
Најмалку 25 лица, главно деца, убиени во израелски напади врз училишта во Газа
-
Јанев: Најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат пожарите на отворено
-
Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар
-
Земјоделец повреден во рака од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива
-
Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион
-
Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа
-
Возило излетало на патот Велес - Извор, две лица повредени