Свет
2. March 2017 - 10:07

Малезија ќе го поништи безвизниот режим за Севернокорејци на своја територија

Малезија ќе го поништи безвизниот влез за Севернокорејци на своја територија од 6 март, соопшти државната агенција Бернама, цитирајќи го вицепремиерот Ахмад Захид Хамиди.

Од Севернокорејците ќе се бара да обезбедат виза пред влегување во Малезија од безбедносни причини, изјави Хамиди.

Одлуката доаѓа две недели по убиството на братот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун - Ким Џонг-нам на аеродромот во Куала Лумпур со невротоксична материја.

Јужна Кореја и САД оценија дека тој е убиен од агенти на севернокорејскиот режим.