Макрон: Турција останува многу важен партнер на ЕУ
Турција останува важен партнер на Европската унија и врските треба да бидат сочувани, и покрај тоа што земјата во последно време се движи во непосакуван правец, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Катимерини“.
- Реално гледано, Турција се оддалечува од Европската унија во текот на последните месеци и ја премина границата, на начини кои не можат да се игнорираат, посебно што се однесува на царинската унија, оцени францускиот претседател.
Макрон, сепак, истакна дека тој не би сакал да дојде до разделување, бидејќи, Турција е „клучен партнер во многу кризи пред кои сме исправени, посебно предизвиците кои произлегуваат од миграциските бранови и терористичката закана“.
Коментарот на Макрон доаѓа по изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, дадена во неделата, дека преговорите на Турција за членство во ЕУ треба да прекинат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба
-
Преглед на вестите од светот
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија