Макрон поради демонстрации евакуиран од една театарската сала во Париз
Макрон присуствуваше на претставата „Ла Муш“ заедно со сопругата. Откако на Твитер беше најавено присуството на Макрон, пред театарот се пристигнаа демонстрантите кои извикуваа „Сите заедно, генерален штрајк“.
Претседателот Макрон ја измени и својата програма за работа за да се избегнат несакани средби со демонстрантите, а од Елисејската палата се надеваат дека тоа нема да трае долго.
Последниот настан, сведочи за радикализација на демонстрантите против пензиската реформа. Демонстрантите вчера упаднаа во седиштето на реформаторскиот синдикат ЦФДТ, во знак на протест против прифаќањето од синдикатот на пензиите со поени.
Во четвртокот вечерта Марлен Шиапа, државната секретарка за еднаквост меѓу жените и мажите, исто така беше исвиркана од група демонстранти на јавен собир за општинските избори.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата