Макрон: Осум милијарди евра за производителите на автомобили
Францускиот претседател Емануел Макрон претстави „историски план“ за помош од осум милијарди евра на производителите на автомобили, значително погодени од последиците од пандемијата.
Тие пари треба да се користат и за модернизација на тој сектор во Франција, така што државата ќе стане лидер во производството на електрични автомобили.
– Државата ќе даде нешто повеќе од осум милијарди евра за тој сектор, рече Макрон за време на посетата на фабриката за делови за автомобили „Валео“ во Етабл, на север на Франција.
Макрон рече дека целта на таа помош е Франција да стане првата европска земја во производството на „чисти автомобили“ во наредните пет години, со повеќе од еден милион електрични и хибридни автомобили годишно.
За да го поттикне купувањето автомобили што опадна за време на пандемијата, Макрон синоќа најави зголемување на „еколошки субвенции“ за набавка на електрични возила на 7.000 евра за граѓаните и 5.000 евра за компаниите, како и субвенција од 2.000 евра за хибридни возила. Планирани се и субвенции за продажба на возила по системот „старо за ново“.
Макрон рече дека француско-германскиот план за субвенции од 500 милијарди евра, претставен на Ангела Меркел минатата недела, е „наменет за поддршка на најранливите сектори“.
Макрон разговараше со генералниот директор на „Рено“, Жан-Доминик Сенар, а потоа и со околу триесетина директори од автомобилскиот сектор за мерките што треба да се преземат за да се извлече автомобилската индустрија од тешкотии со 400.000 вработени и уште 500.000 луѓе во активности поврзани со производство на автомобили.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното