Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна
Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека војната мора да заврши и оти Украина мора да биде во најдобра можна позиција за да отпочне преговори.
- Не сакаме да почнеме трета светска војна. Прекинот на огнот е тоа што овозможува најдобра хуманитарна ситуација и почеток на разговори што ќе овозможат решавање на територијалните прашања, изјави Макрон за ТФ1.
Тој најави дека санкциите воведени од западните сојузници би можеле да бидат применети „во следните неколку дена“.
- Не можам да ви кажам дали Владимир Путин ќе ја посети Турција. Чекаме одговор од Русија. Она што е во прашање во Украина е нашата безбедност. Сакаме прекин на огнот на копно, на море и во воздух во траење од 30 дена. Русија сака прекинот на огнот да се дискутира во Турција. Сакаме да спроведеме санкции против Русија во наредните денови, во договор со САД, посочи Макрон.
Тој нагласи дека првата гаранција за безбедноста е силна украинска армија.
Макрон посочи дека е подготвен повторно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин по завршување на војната во Украина.
- За да ја одвратиме Русија од враќање во Украина за две или три години, ќе продолжиме да инвестираме … Во наредните години ќе мора да продолжиме да ја обучуваме, опремуваме и поддржуваме Украина за да има свои сили, наведе францускиот претседател.
Тој зборувајќи за европското нуклеарни одвраќање истакна дека Париз нема да плаќа за безбедноста на другите.
- Сакам да почнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде одземање од она што го имаме, а конечната одлука секогаш ќе биде на Франција. Подготвени сме да отвориме дискусија, особено за распоредување авиони вооружени со нуклеарни бомби во други европски земји, потенцира Макрон.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси