Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска е во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за војната на Русија против Украина.
Средбата се одржува на денот на третата годишнина од инвазијата на Русија врз Украина и неколку дена откако Трамп ја обвини Украина за започнување на војната, пренесе ДПА.
Состанокот се одржува и откако Трамп одржа 90-минутен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин – без учество на Украина или Европа.
Минатата недела Макрон ги повика европските шефови на држави и премиери во Париз на кризни разговори, а потоа телефонски разговараше со Трамп.
Меѓу другото, на средбата станало збор и за прашањето за европски мировни сили по евентуален прекин на огнот.
Се очекува Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон во следните неколку дена. Според извештаите на медиумите, Стармер би можел да го претстави концептот за мировни сили.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“