-->
-->
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-->
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот што го иницираа САД и Украина. Макрон за ситуацијата разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски во своето вечерно обраќање истакна дека со Макрон зборувале за дипломатските напори и техничките аспекти на надгледувањето на евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека Киев веќе формира национален тим за развој на мониторинг механизми за евентуален прекин на огнот.
САД и Украина постигнаа договор за примирје на 11 март во Џеда, но Киев инсистира на негово стриктно почитување од страна на Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во израелските напади во Газа 413 загинати, меѓу нив и високи претставници на Хамас
-
Српски медиуми: Додека во Србија со месеци се чека, во Македонија веднаш се реагира и се апси
-
Погребот на загинатите во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток
-
Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“
-
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект
-
Шлепер се преврте кај Блаце, повредени нема, а сообраќајот е нормализиран
-
Тошковски разреши седум началници во Штип и Кочани
-
Кавадарци оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани