Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
Франција во исто време треба да се бори против геополитичките закани и заканите од терористите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на новата централа на Главната дирекција за внатрешна безбедност (контраразузнавачка служба) во Сент Уен.
Тој наведе дека изминатите денови во дебатите слушнал дека не постои геополитичка закана.
– Тие луѓе не ги следат актуелните настани, дефинитивно, посочи Макрон алудирајќи на изјавата на лидерката на Национален собир, Марин Ле Пен, која мината недела изјави дека основната закана по Франција не е од Москва, туку од исламскиот фундаментализам.
Според него „една голема нација не може да избира, но мора да одговори“.
– И не може да избере да се бори против новите геополитички закани или против заканите на теренот создадени од терористите. Мора да ги направи и двете во исто време. Тоа е токму она што го правиме. Во време кога се менува рамнотежата во светот, кога се оддалечува она што го мислевме дека е постигнато и кога се приближува она што изгледаше исклучено, мораме вистински да ги браниме непроменливите вредности на нашата Република, посочи Макрон.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар