Македонското друштво „Илинден“ член на мрежата „Младински лидери“
Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана стана рамноправен член на мрежата на младински организаци „Младински лидери“ за градот Тирана.
- Фидана Ќуланџиу како претставник на друштвото присуствуваше на Генералното собрание на младински лидери на Тирана, кое се одржа во Младинскиот центар во Тирана. Ова Собрание имаше за цел презентација на резултатите од иницијативите и активностите во лидерството за преземање на заеднички активности во текот на првата половина од 2016 година, како и градење на структура за управување (управен комитет) на младинските лидри, пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.
На Генералното собрание станало збор и околу внатрешни правила на младинската мрежа.
Мрежата „Младински лидери“ е составена од претставници од 30 младински организации и форуми на политичките партии на локално ниво во Тирана. Основана е 2012 година и покажува исклучителни резултати во ангажирањето на младите во Албанија.
Ново на Сител
-
Првиот список на Анчелоти на чело на Бразил
-
Роналдо стигна до 800 гола на клупско ниво
-
Пукање кон куќa во Тетово, немa пoврeдени, најдени 30 чаури oд автоматско oружјe
-
Путин најави блокада на западните ИТ-компании што сѐ уште работат во Русија
-
Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени | ВИДЕО
-
Продолженија на три собраниски седници
-
Сончево и потопло со умерена облачност
-
Малолетникот кој со мотоцикл вечерва удри пешак во Кисела Вода е пронајден