Бизнис
15. October 2015 - 8:28

Македонско-унгарски бизнис-форум во Скопје

Стопанската комора на Македонија  во соработка со Амбасадата на Унгарија и Унгарската трговска куќа во Македонија, денеска ќе организира Македонско-унгарски бизнис-форум.

- Македонските компании ќе имаат можност да остварат средби со претставници на реномирани унгарски компании кои се занимаваат со: биотехнологија, машинско инженерство и градежни технологии, земјоделски машини, котли за горење на биомаси и земјоделски отпад, мали хидроцентрали и производство на пумпи и турбини, опрема за одржување на патишта ,„интелигентно“ јавно улично осветлување, обновливи извори на енергија и управување со води, изградба и одржување на градски топлификациски системи, машини за производство во прехранбената индустрија и опрема за зачувување на озонот, соопшти Стопанската комора на Македонија. 

На бизнис-форумот ќе присуствуваат Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Јозеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија, Ервин Сел, економски советник во Унгарската амбасада и Мате Курин, регионален директор при Унгарската национална трговска куќа од Будимпешта.