Македонско село привлечно за посетителите
За само еден месец над 20 илјади луѓе го посетиле коплесот Македонско село. Големиот интерес од страна на граѓаните на едно место да ги видат и да се запознаат традициите и обичаите од сите караишта на земјата го продолжи работното време на новата туристичка атракција. Наместо до 18 часот комплексот ќе биде отворен до 22 часот. Ќе има и 10 нови вработувања.
-Ќе бидат ангажирани нови туристички водичи но и кустоси, изјави Елизабета Камчевска Милевска, министерка за култура.
Етнолошката музејска поставка сместена во една од куќите ќе се менува на секој 6 месеци. Во еден од рестораните ќе има уникатни македонски јадења.
-Такви јадења не се служат во ниту еден ресторан, изјави Павле Камиловски директор на комплексот Македонско село.
Компексот е распространет на 15 илјади метри квадратни. Има 12 куќи кои е пресликата културната од исто толку краеви на Македонија.
-
Симон Лешков
Сите содржини од овој новинар